You are currently viewing З.Е. „Натура“ – Струга дел од дискусијата за промоција на достигнувањата на граѓанските организации организирана од Цивика мобилитас

З.Е. „Натура“ – Струга дел од дискусијата за промоција на достигнувањата на граѓанските организации организирана од Цивика мобилитас

Цивика мобилитас организираше средба со граѓанските организации на која се дискутираше како граѓанскиот сектор може подобро да ги промовира своите достигнувања, резултати и влијание во општеството. На настанот учествуваше и нашата организација З.Е ‘’Натура’’-Струга, како добитник на грант во рамките на повикот CM-PG-2.

За време на дискусијата беа разгледани предизвиците со кои се соочуваат организациите во јавната комуникација, начините за зголемување на видливоста на резултатите и важноста на транспарентноста, раскажувањето успешни приказни и реалното влијание во заедницата.

📌 За нас како организација, ова учество претставуваше вредна можност за:
• Размена на искуства со други организации од земјата
• Подобрување на стратегиите за комуникација и промоција
• Зголемување на капацитетите за презентација на резултатите од нашиот проект

Во моментов, З.Е „Натура“ – Струга го спроведува проектот:

🌿 „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, во партнерство со Извиднички одред „Мирко Милески“ – Кичево.

Проектот има за цел:
• Поставување на 30 инструменти за мерење на квалитетот на воздухот во 5 општини од Југозападниот регион
• Обука на 100 граѓани, наставници и млади лица
• Формирање Регионален совет за воздух како механизам за дијалог со општините

Веруваме дека промоцијата на достигнувањата не е само прашање на комуникација, туку и на транспарентност и отчетност.

🤝 Му благодариме на Цивика мобилитас за организирањето на оваа важна дискусија и за континуираната поддршка на граѓанскиот сектор во земјата.

Заедно за почист воздух.

Leave a Reply