Во рамки на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, спроведуван од Здружение на еколози “Натура”- Струга, во партнерство со Извиднички одред “Мирко Милевски” – Кичево, поддржан од Швајцарската Влада преку програмата Цивика мобилитас, се одржа работна средба со претставници на Општина Охрид.
Средбата се реализираше со претставници од Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад, како и локални чинители активни во областа на животната средина:
- Јасмина Т.Момироска – раководител на одделение за заштитени подрачја и други заштитени делови од природата
- Катерина Гушо Трајкоски – советник
- Суарта Амети – помлад соработнил за зачувување на природни реткоски
- Вера Рауник – раководител на одделение за управување со отпад
- Ајфер Ариф советник во општина Охрид
- Матевски Борис претседател на Зелен Центар Охрид!
🎯 Цел на средбата
За време на средбата беа презентирани целите на проектот, со посебен акцент на:
- Формирање на Регионален граѓански совет за воздух
- Вклучување на училиштата, граѓаните и локалните организации во мрежата за мониторинг на воздух
Претставниците на Општина Охрид изразија подготвеност за активна соработка и институционална поддршка во спроведувањето на активностите на територијата на општината.
Оваа средба претставува значаен чекор кон градење одржливо партнерство помеѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, со цел зголемена транспарентност, користење на отворени податоци и унапредување на локалните политики за чист воздух. 🌿
Проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“ има за цел да го подобри управувањето со квалитетот на воздухот преку активно граѓанско учество, пристап до отворени податоци и соработка со општините во Струга, Охрид, Вевчани, Дебар и Кичево.
Што ќе постигнеме?
- Обука на 100 граѓани, наставници и млади активисти за мониторинг и користење на податоци
- Формирање на Регионален граѓански совет за воздух за редовен дијалог со општините
Клучни активности
- Инфо-кампања за подигање на јавната свест
- Организирање обуки и јавни форуми
- Подготовка на препораки за локални политики за чист воздух
- Регионална завршна конференција
Очекувани резултати
- Функционална регионална мрежа со јавно достапни податоци
- Зајакнати капацитети на граѓаните за активно учество
- Структуриран и континуиран дијалог меѓу граѓаните и општините
- Конкретни препораки за политики за чист воздух во најмалку 5 општини
Проектот создава модел на граѓанска наука и партнерство, каде податоците стануваат алатка за транспарентност, одговорност и одржлива зелена иднина за регионот
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколозите „Натура“ – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.