Здружението на еколози „Натура“ – Струга, во партнерство со извидничкиот одред „Мирко Милески“ – Кичево, во рамките на проектот „Граѓанска мрежа за чист воздух во Југозападниот регион“, поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас, објавува отворен повик за учество на професионални обуки.
За проектот
Проектот има за цел да воспостави регионална мрежа на граѓани кои активно ќе го следат квалитетот на воздухот и ќе се застапуваат за поздрава животна средина. Преку поставување на инструментите „Климерко“ и обука на локалното население, се стремиме кон транспарентни податоци и информирано граѓанство.
Детали за обуката во Струга, Дебар и Кичево
Оваа обука е прва од серијата планирани активности и е наменета за граѓани, наставници и млади активисти од општините Струга, Вевчани, Охрид, Дебар и Кичево
Првата обука во Струга
Датум: 26 мај 2026 година
- Локација: Ресторан „Аполонија“ (Apolonia), Струга
- Време: 10:00 часот
Втората обука во Дебар
Датум: 09 Јуни 2026 година
- Локација: Ресторан Дрилон, Дебар
- Време: 11:00 часот
Третата обука во Кичево
Датум: 18 Јуни 2026 година
- Локација: Хотел Кичево, Кичево
- Време: 10:00 часот
Што ќе научат учесниците?
Обуките ќе се фокусират на практична примена на претходно изработениот Прирачник за граѓански мониторинг, вклучувајќи:
- Основи на загадувањето: Видови загадувачи и нивното влијание врз здравјето.
- Работа со „Климерко“: Како се поставуваат, одржуваат и користат инструментите за мерење.
- Толкување на податоци: Како да се читаат мерењата и да се препознаат еколошките трендови.
- Граѓанско застапување: Како да се користат податоците за да се поттикне акција кај локалните власти.

Кој може да аплицира?
Повикот е отворен за сите граѓани, наставници и млади активисти од општина Струга, Вевчани, Охрид, Дебар и Кичево кои се мотивирани да придонесат за заедницата, со посебен фокус на:
- Наставници кои сакаат да ги вклучат еколошките теми во нивните предавања.
- Млади активисти кои сакаат да ја преземат иницијативата за заштита на природата.
- Граѓани кои сакаат да бидат дел од регионалната мониторинг мрежа.
Како да се пријавите?
Заинтересираните кандидати треба да испратат кратка пријава со своите податоци (име, презиме, телефон и општина на живеење) на нашата е-маил адреса:
📧 ue_natyra@yahoo.com
📅 Рок за пријавување: Најдоцна до 20.05.2026 година, до 17:00 часот за обуката во Струга
📅 Рок за пријавување: Најдоцна до 05.06.2026 година, до 17:00 часот за обуката во Дебар
📅 Рок за пријавување: Најдоцна до 17.06.2026 година, до 17:00 часот за обуката во Кичево
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Здружение на еколози “Натура” – Струга и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.
Civica Mobilitas Embassy of Switzerland in North Macedonia Извиднички одред “Мирко Милески” / Scout group “Mirko Mileski”
